Image Alt

Магнетик

Mаркетинг стратегија и имплементација

Групацијата Магнетик е водечка компанија во модната индустрија кој застапува 18 познати луксузни брендови и управува со 21 продажни салони во Скопје. Во изминатите 27 години, Магнетик работи напорно за да го овозможи најдоброто шопинг искуство на овие простори, помагајќи им на клиентите да го изградат личниот стил кој трае. Тие ги застапуваат брендовите: Weekend Max Mara, Marella, Liu Jo, Paul & Shark, Pinko, Carpisa, GO Carpisa, Yamamay, Pennyblack, Gerry Weber, Oltre, Motivi, Fiorella Rubino, Sportmax, Max Mara Leisure, Max Mara Studio, Joseph Ribkoff и Patrizia Pepe.

Нашата соработка со Магнетик, веќе трае неколку години и вклучува целосен маркетинг за сите брендови на кои ги застапува групацијата. Преку анализа и истражување на таргет корисниците и запознавање со приказните на сите 18 брендови континуирано креирааме целосна маркетинг стратегија вклучувајќи повеќе канали. Тимот на Џуно управува целосно со маркетинг буџетите на сите 18 брендови и ги креира и егзекутира следниве маркетинг активности:

 

 

Менаџмент на Facebook и Instagram профили

  • Целосен менаџмент на официјалниот Facebook и Instagram профил и на групација Магнетик
  • Креирање и објавување на 70-80 објави месечно и над 150 Instagram Stories
  • Целосна корисничка поддршка и комуникација со корисниците на Facebook и Instagram
  • Менторство и насоки за сите вработени во продажните салони кои ги менаџираат посебните профили за брендовите на Магнетик

 

Платени онлајн реклами

  • Менаџмент и креирање на онлајн платени реклами на социјалните мрежи Facebook и Instagram
  • Креирање на таргет групи и целосната содржина на рекламата (текст + фотографија/графика)

 

Настани

Од концепт до реализација – целосна организација и менаџмент на настани во продажните салони и на јавни локации.
Погледнете дел од настаните од 2019!

 

 

Соработки и кампањи

  • Соработка со познати личности од Македонија, како Каролина Гочева, Катарина Ивановска, Аделина Тахири, Јелена Јованова и многу други
  • Од идеја до реализација, целосно организирање на кампањата со сите логистички детали
  • Соработки за крос промоција со компании како Jungle Tribe, Nehar Travel, Crush Macedonia, Tелевизија Телма, Преспав и многу други 

 

Маркетинг со инфлуенсери

Алоцирање на инфлуенсери и креирање на целосна маркетинг стратегија за соработка.

 

Традиционален маркетинг

  • Билборд кампањи (алоцирање на локации и media buying)
  • Брендирање на автобуси и автобуски
  • Wild posting (кампања со постери)
  • Радио маркетинг

 

Дизајн

Целосна изработка на дизајни за промотивни материјали, социјални медиуми и излози.

 

Блог

Креирање на содржината и целосен менаџмент на модниот блог на Магнетик – Magnetik Fashion Blog