Главна цел со брендот Италекс инженеринг, продавница за италијански плочки и санитарија, ни беше дигитална претпознатливост на социјалните мрежи. Со оглед на нашата цел предложивме над 15тина кампањи и графички дизајни за социјални медиуми базирани на корисничката персона. Започнавме со кампања “Дали знаеш дека” преку која нудиме едукација на публиката за различни теми поврзани со продуктите. Oстанатите кампањи кои ги создадовме беа поврзани со архитектонски стилови, промовирање на проекти како и соработка со дизајнери на ентериер и архитекти. Ваквата стратегија допринесе на потикнување и зголемувањe на ангажманот на публиката. Нашата соработка сѐ уште е во тек, но ви ги претставуваме резултатите кои ги постигнавме во изминатите 5 месеци.
Менаџмент на Facebook и Instagram профили
- Целосен менаџмент на официјалниот Facebook и Instagram профили на Италекс Инженеринг
- Креирање и објавување на 15-20 објави месечно
- Целосна корисничка поддршка и комуникација со корисниците на Facebook и Instagram
- Целосно планирање и спроведување на 2 ‘giveaways’
Платени онлајн реклами
- Менаџмент и креирање на онлајн платени реклами на социјалните мрежи Facebook и Instagram.
- Креирање и ажурирање на таргет групи и целосната содржина на рекламата (текст + фотографија/графика)
Блогови
- Креирање на блог постови и нивна објава на веб-страната и дистрибуција на социјалните мрежи
- Подготовка на интервју во форма на блог и негова објава на веб-страната како и диструбуција на социјални мрежи
Фотосесии
- Фотосесија на терен, за конкретен проект
- Фотосесии во салонот на Италекс Инженеринг