Генеа Лаб е нова лабораторија на Македонскиот пазар, специјализирана кон унапредување на грижата за здравјето на пациентите. Преку нови и светски признати методилогии тие претставуваат спој помеѓу лабораториските податоци и дијагнозата. Основани во 2015 година како дел од поликлиника, паралелно се развиваваат со потребите на пациентите од една страна и развојот на медицината и потребите на докторите од друга страна.
Нашата соработка со Генеа Лаб вклучуви целокупно брендирање, градење идентитет и изработка на комплетно веб решение.
Брендирање и бренд идентитет
Врз основа на нашето искуство со градење успешни брендови и креирање на уникатен визуелен идентитет, тимот на Џуно беше вклучен од самиот почеток на создавањето на новиот бренд. Преку структурирани brainstorm сесии и докажани методологии внесовме свеж и уникатен пристап во сржта на решението.
Оваа фаза од нашата соработка ги опфати следните активности:
-
- Истражување на соодветната индустрија
- Дефинирање на посакувана палета на бои, типографија и клучни зборови
- Креирање на повеќе логоа со различни колор палети
- Креирање на слоган по дефинирање на посакуваното лого
- Дизајнирање на сите потребни канцелариски материјали
- Изработка на brandbook
Изградба на веб решение
Со оглед на специфичноста на самиот бизнис и добиените сознанија од детална анализа и истражување на таргет корисниците ги поставивме основите на Веб присуството на Генеа Лаб. Преку примена на специфични UX/UI техники, дизајн и веб функционалности креиравме вебсајт кој ќе го одсликува брендот и ќе им помогне на корисниците лесно да го најдат она што го бараат. Интегрираното веб решение вклучи и изработка на специјален софтвер кој ќе ги поврзе сите засегнати страни.
Во овој дел од проектот нашиот тим работеше на:
-
- Истражување, планирање и конструкција
- Website Design Timeline
- План за дизајн, елементи и секции
- Избор и прилагодување на соодветна тема
- UX design, user journey & sales points
- Креирање на респонзивен вебсајт и интегрирање на потребни софтвери
- Градење на вебсајтот и оптимизирање на содржината