Дона е бренд со долга историја на Балканот кој произведува конзервирана храна со супериорен квалитет. Неодамна, тие се проширија и на Македонскиот пазар. Од лансирањето на овие простори во 2018, нивниот најпознат продукт: Ајвар Дона беше достапен само во еден национален ланец на маркети (VERO). Соочувајќи се со огромна конкуренција, на Дона и беше потребна креативна маркетинг стратегија и стратешки план за раст на пазарот со цел зголемување на продажбата. Откако направивме истражување и го дефиниравме пазарот и идеалната персона, заклучивме дека најдобар канал за да допреме до потенцијалните корисници е Facebook. По истражувањето ја создадовме потребната креативна маркетинг стратегија за препознатливоста на брендот.
Од неодмна продуктите на Дона се проширија и на пазарот во Босна и Херцеговина, па со самото тоа отворивме и нов Facebook профил преку кој комуницираме со таа публика.
Менаџмент на Facebook профил
- Целосно менаџирање на Facebook профилот на Дона Македонија и Дона Босна и Херцеговина.
- Креирање и објавување на 15-17 објави месечно (3 неделно)
- Целосна корисничка поддршка и комуникација со корисниците на Facebook
- Дизајн за Facebook објави
Платени Facebook реклами
- Менаџмент и креирање на онлајн платени реклами на Facebook
- Креирање на таргет групи и целосната содржина на рекламата (текст + фотографија/графика)
Професионални фотосесии и видео продукција
- Дефинирање на концепт
- Алоцирање на потребни ресурси
- Професионално сликање и снимање