Connected Hyperbike е Швајцарскa онлајн продавница за електрични велосипеди. Како главни дистрибутери на Greyp Bikes – ексклузивниот Хрватски бренд за електрични велосипеди и сестринска компанија на Rimac Automobili, Connected Hyperbike имаат голем потенцијал на Швајцарскиот пазар за електрични велосипеди.
Greyp велосипедите доаѓаат со многу технолошки иновации во велосипедизмот, соодветни за искусните велосипедисти но и ентузијастите за технологија. Сепак, привлекувањето на оваа публика, како и задржување на нивното внимание, не е едноставна задача.
Со цел да ја зголемат посетеноста на онлајн продавницата, како и продажбата, Connected Hyperbike имаа потреба за поголем фокус на inbound маркетинг, оптимизација на веб страната, и стратегија за релевантни содржини кои ќе ја привлечат и задржат вистинската публика.
Преку истражување на Швајцарскиот пазар за електрични велосипеди, како и интересите на самите корисници, ги откривме најдобрите канали за да Connected Hyperbike допре до целната публика. Со оваа клучна појдовна точка, развивме маркетинг стратегија која вклучуваше блогови како интересни и информативни содржини и inbound реклами на интернет пребарувачите.
За да привлечеме повеќе вистински потрошувачи, се фокусиравме на итност во нашата комуникација, додека пак преку социјалните медиуми, ја поткрепивме дистрибуцијата на информативните содржини. Заедно со комплетната оптимизација на веб страната, успеавме да ја зголемиме посетеноста на Connected Hyperbike за 150% и да ја зголемиме продажбата за 5 пати.