n

Juno

инстаграм

Кога и како да користите #ХАШТАГ на Инстаграм во Македонија?

Според општопознатите правила на Инстаграм, ако користите хаштази на вашите објави ќе имате поголем reach и поголема интеракција. Дали е тоа урбана легенда, или пак вистина која важи и за Македонските инстаграм профили?

Користењето на хаштази овозможува поврзување на слични содржини на социјалните медиуми. Доколку некој пребарува клучен збор на Инстаграм, резултатите кои ќе ги добие се поврзани преку тој хаштаг. На тој начин, барем во теорија, корисниците кои не знаат за вашиот бренд можат да дознаат за ваc и да го заследат вашиот профил.

Особено ако вашите цели на Инстаграм се да ја зголемите препознатливоста на вашиот бренд, бројот на вашите следбеници на локалното поднебје, и вашата продажбата,  сигурно се прашувате дали вреди вложувањето во овие магични зборови. Краткиот одговор е … #itscomplicated .

инстаграм

Употребувањето на хаштаг во светски рамки е #bigdeal. Користењето на хаштази e нешто што сите експерти за дигитален маркетинг го препорачуваат во буквално сите How To водичи и туторијали за растење на социјалните медиуми.

Сепак, популарните #клучнизборови во најголем број се на англиски и користењето на #keywords на нашиот јазик не е многу честа практика. Поради тоа, скоро никој и не ги пребарува и затоа тие не влечат голема публика.

Дали користењето на англиски клучни зборови може да ви донесе повеќе следачи на вашиот профил?

Краткиот одговор е: да. 

Но дали тие следачи се луѓе на кои вие можете да им продадете нешто како локален бренд? 

Краткиот одговор во овој случај, е: не.

Сепак, дали има придобивки од користење на македонски, или пак англиски хаштази? Дали постојат македонски хаштази кои вредат да бидат користени? Дали може да измислите ваши хаштази и да ги популаризирате? И што ако сакате да го проширите вашиот бренд и на интернационалниот пазар?

За да ги одговориме овие прашања, најпрво да се запознаеме со разликите помеѓу различните видови на хаштази:

инстаграм


Какви македонски хаштази можете да користите (ефективно)?

Постојат македонски хаштази кои често се користат, но не за сите намени и индустрии. Сепак, доколку вашата објава е соодветна, можете да користите некој од хаштазите на заедницата или пак да ја означите локацијата

Правењето на маркетинг кампањи кои се врзани со ваш хаштаг е уште еден одличен начин за промовирање на вашиот бренд и инстаграм профил. Одличен пример за ова е кампањата #БидиДедоМраз на n, која ги поттикна корисниците да споделат честитки за нивните најсакани. Покрај директната промоција, Кока Кола ги следеше овие објави преку хаштагот и ги сподели најдобрите, давајќи им дополнителна мотивација и на други следачи да споделат честитка под хаштагот.

Клучно во овие кампањи е споделувањето на тој User Generated Content (или UGC) кој им дава дополнителна мотивација на вашите следачи да го промовираат вашиот бренд. Покрај зголемениот ангажман, вие добивате и бесплатни промотивни материјали кои  можете да ги користите на вашиот профил. 

Не мора да правите специјална кампања за да ја употребите UGC тактиката. Брендот за часовници Daniel Wellington масивно се популаризира со тоа што се потпре на своите следачи да прават интересни слики со нивните часовници, и да ги споделуваат под нивниот хаштаг #danielwellington .

Дали има придобивки од користење на англиски хаштази? 

Користењето на хаштази на англиски е одлична идеја доколку сакате интернационална публика, но внимавајте на тоа на кој јазик комуницирате и во вашите објави. Повеќето корисници би прифатиле да следат профил кој користи и друг јазик покрај англискиот, но во поголема мера е подобро да се фокусирате на еден јазик во објавите. И доколку вашата цел е да привлечете интернационална публика, тогаш тој јазик треба да биде англискиот.

Од истите причини, доколку вашиот бренд е фокусиран на македонскиот пазар, користењето на англиски хаштази на вашиот профил нема значително да ви помогне во привлекување на локалната публика.

инстаграм

Алатки кои можат да ви помогнат да допрете до интернационална публика:

1.Display Purposes
Displaypurposes е едноставна алатка за наоѓање релевантни хаштази на клучниот збор кој го имате на ум.

2. Hashtagify
Доколку сакате малку подетална анализа, со Hashtagify.me можете да пронајдете, анализирате и следите хаштази и нивната моментална популарност.

3. All Hashtag
All-hashtag.com е уште една одлична алатка со која можете да најдете релевантни хаштази, и тоа според параметри како популарност, и слично.

4. SeekMetrics – Instagram Fonts
Seekmetrics.com е уште една алатка со која можете да ги следите и анализирате активностите на вашиот Instagram профил, но како бепслатна алатка нуди и фонтови кои можете да ги копирате на вашите Инстаграм објави.

Заклучок:

Користењето на генерални хаштази во Македонија нема да ви донесе посебни резултати. Хаштазите можете да ги искористите за посебни кампањи и за поттикнување на вашите следачи да го споменат вашиот бренд. Бидете релевантни, правете го тоа умерено, и следете ги локалните трендови. 

Тоа што дефинитивно носи позначителни резултати во Македонија се квалитетните визуелни содржини, поврзување со интересите на целната група, и секако, платените реклами. Фокусирајте го вашето внимание примарно на овие 3 работи. Потоа седнете удобно и гледајте како вашата публика на Инстаграм расте заедно со вашата продажба.

За повеќе професионални совети за маркетинг на социјалните медиуми контактирајте го нашиот тим. Секогаш сме отворени за консултација и добар муабет (во живо и на виртуелен начин).

И секако, следете го Juno на Инстаграм за маркетинг совети, интересни факти и #многуповеќе !