n

Juno

Бојкотот на Facebook и што значи за иднината на корисниците?

2020 година веќе ни даде многу причини да ја паметиме. Покрај Коронавирусот, движењето Black Lives Matters поттикна и еден сосема нов вид на протест: кампањата #StopHateForProfit. Најголемите корпорации во светот како Coca Cola, Starbucks, Microsoft и Unilever го бојкотираат Facebook, со цел да го сопрат говорот на омраза и ширењето на лажни информации. 

Тие ја поддржаа оваа кампања со тоа што ги повлекоа своите платени реклами од Facebook и Instagraм, демонстрирајќи го своето незадоволство со полисите на компанијата. Покрај нив, уште 700 компании и се придружија на иницијативата, вклучувајќи ги и Addidas, HP, Disney, Sony и Verizon, со цел да го натераат Facebook да ги подобри начините за спречување на говорот на омраза и ширење на дезинформации на нивните платформи. 

иднината на корисниците

Facebооk се соочи со доста критики во последните неколки години поврзани со експлоатација на информации за корисниците, и не-доволна активност во поглед на контролирање на тоа што може и што не може да се споделува на платформите Facebook и Instagram. Критиките – како и минатиот пат, така и овој пат, се во голема мера поврзани со лажните вести кој претседателот на САД често ги шири преку објави на Социјалните медиуми.

За разлика од Facebook, Twitter започна да ги означува неговите објави со посебно предупредување. Во некои случаи, дури и ги отстранија од платформата. Reddit исто така банираше група на поддржувачи на Трамп каде се употребувал говор на омраза према одредени национални и расни групи.

иднината на корисниците

Каков проблем претставува бојкотот за Facebook?

И покрај тоа што компаниите кои го бојкотираат Facebook се едни од поголемите клиенти на платформата (како за пример, Verizon троши 1.5 милиони долари секој месец на платени реклами на Instagram и Facebook), приходот од овие компании е само мал едноцифрен процент од вкупната заработка на компанијата. Најголемиот дел од приходот на Facebook доаѓа од илјадниците мали бизниси ширум светот кои зависат од рекламирањето на овие социјални платформи, особено сега во време на криза. Сепак, загубата на Facebook не е занемарлива – по започнување на бојкотот пазарната вредност на компанијата се намали за 60 билиони долари.

Бојкотот му постави на Facebook и друг тип на проблеми. Компанијата се соочува со негативен ПР веќе подолго време, и покрај напорите да го подобри јавниот углед, со бојкотот Facebook, како најголемата социјална мрежа во светот, стана главна мета на критики дека не прави доволно за да го запре говорот на омраза.

Сепак, решението на проблемот не е толку едноставно. Прифаќањето на барањата на овој бојкот би значело обструкција на слободниот говор – нешто што Facebook изјави дека не сака да го направи на своите платформи.

Какви промени можеме да очекуваме од Facebook во иднина?

Затоа што решението на овој проблем не е толку едноставно, не можеме да бидеме сигурни како и кога ќе се реши. Компаниите кои го подржуваат бојкотот ги повлекоа рекламите од социјалниот медиум за времетраење од еден месец. Се верува дека многу од компаниите кои го поддржија движењето ја искористија ситуацијата не само за земање на јавен став против говорот на омраза, туку и за искористување на можноста за добар бесплатен ПР во време кога посекако планирале да ги намалат трошоците на платени реклами.

иднината на корисниците

Засега, основачот на Facebook Марк Закерберг изјави дека “Facebook нема да се промени”, како компанија која “се грижи за својата репутација со партнерите повеќе отколку за мал процент од профитот”. Тој верува дека компаниите наскоро ќе се вратат на платформата со своите реклами. Тој изјави и дека ваквиот вид на јавно демантирање ја става компанијата во невозможна ситуација, затоа што прифаќањето на барањата би значи дека и во иднина, компанијата ќе стане мета и на други демантирачки барања, и ќе се очекува повторно да потклекне на нив.

Сепак, минатиот петок Facebook изјави дека ќе започне да ги означува објавите кои ги прекршуваат правилата на платформата, слично како Twitter, и покрај тоа што претходно го искритикува Тwitter за потегот. Од друга страна, бојкотот се засилува со нови компании како Walmart, МcDonalds, Geico и Ikea, кои ги повлекоа своите реклами на Facebook, а забележано е општо намалување на бројот на рекламите и од помалите бизниси во САД.

Можеби е прерано да се каже, но доколку бојкотот продолжи, Facebook ќе биде приморан да внесе и поголеми промени во своите полиси. Како корисници и маркетери, не е сигурно што можеме да очекуваме, но доколку Facebook внесе значајни промени во својот алгоритам, може да очекуваме поголеми рестрикции околу тоа што може да се сподели на платформата, а што не.