Image Alt

Juno

Како до идеалната Маркетинг Агенција за вас?

Не сите Маркетинг Агенции се исти. Наоѓањето и избирањето на идеалната Маркетинг Агенција може значително да му помогне на вашиот бизнис. Во спротивно, правењето на погрешен избор може да го повреди вашиот бренд, како и бесценетата врска која ја имате со вашите потрошувачи. 

Со вистинската агенција, вие оформувате партнерство. За да бидете сигурни дека го правите вистинскиот избор, обрнете внимание на овие 5 показатели. Тие веднаш ќе ви кажат дали Агенцијата со која преговарате е вистинскиот партнер за вас:

Team Tumult GIF - Find & Share on GIPHY

1.Комуникација

Разгледајте како Маркетинг Агенцијата комуницира со светот и со вас. Погледнете ги нивните профили на социјалните медиуми, разгледајте го нивниот веб-сајт и забележете како ви се обраќаат при првичната комуникација. Начинот на кој една организација се претставува себе си секогаш е важен, но особено кога тие треба да ве претставуваат и вас. Внимавајте на нивото на нивната професионалност, но и на стилот и креативноста на нивните пораки. Сакате да изберете маркетинг Агенција која се издвојува од другите, затоа што и вашиот бренд ќе треба да го направи истото со нивната помош.

2. Дизајн

Чувството за убав визуелен дизајн е еден од најважните фактори на кои треба да обрнете внимание при бирање на Маркетинг Агенција. Може да дознаете дали го имаат тоа што е потребно на неколку едноставни начини. Најпрво, погледнете на нивниот веб-сајт и социјални медиуми. Дали ви се допаѓа тоа што го гледате? Потоа посетете ги профилите на нивните клиенти. Забележете дали дизајните се креативни и визуелно задоволувачки. Доколку ви се допаѓа тоа што го гледате, тоа значи дека можете да сметате истото да го направат и за вас.

GIF by andrewillustration - Find & Share on GIPHY

3. Пристап

Како што продолжува вашата комуникација, обрнете внимание на тоа какви пораки и прашања тимот на Ангенцијата ви испраќа. Дали тие се коректни и навремени во нивните одговори, и дали ве прашуваат доволно значајни прашања. Оние кои ќе ве прашаат за вашите бизнис цели, вредности, и визија, се тим кој навистина сака и може да ви помогне во нивната реализација.

 

4. Искуство

При разгледување на маркетинг агенциите, разгледајте го нивното искуство. Не се фокусирајте само на логоата кои ги препознавате на нивната веб страна. Прочитајте ги приказните за нивните клиенти и кој е нивниот удел во развојот на тие бизниси. Ова е одличен начин да откриете дали тимот на Маркетинг Агенцијата го има потребното искуство и експертиза за да му помогне на вашиот бизнис.


5. Препорака

Маркетинг Агенцијата со која ќе станете парнери треба да ви помогне да откриете нови можности на пазарот, да биде стратешки консултант на вашиот бизнис, и најважно од се, да ве предизвика да преземате нови, храбри потези. Покрај тоа, треба да знаете дека може да му верувате на тимот и самите луѓе да ви се допаѓаат како соработници. Но, овие работи не може да ги дознаете на прв поглед. 
За да дознаете навистина дали може да сметате на Маркетинг Агенцијата со која би сакале да соработувате, распрашајте се. Контактирајте ги нивните постоечки клиенти. Тие се најдобриот начин да дознаете како една агенција навистина се однесува према своите клиенти. 

 

Изборот на Маркетинг Агенција не е лесен, особено ако во минатото сте имале лошо искуство. Сепак, стратешкото партнерство со експерти во маркетинг ќе има големо влијание на вашиот бренд, на продажбата и на развојот на вашиот бизнис. Внимавате на овие 5 точки, и сигурно ќе го направите вистинскиот избор.

Team Tumult GIF - Find & Share on GIPHY