n

Juno

5 минутен раговор со Џуно и Игор Трајковски


Нашиот последен гостин е Игор Трајковски! 
Доколку не сте запознаени кој е Игор, тогаш сигурно сте запознаени со неговиот веб-сајт. Тој е основачот на time.mk најпосетуваниот веб-сајт во Македонија и Србија.
Разговараме на тема рекламирање со банери и нивната предност. 

Здраво Игор те молам претстави се.

Јас сум Игор Трајковски, пред 12 години го основав time.mk, досега добро ни оди, последниве девет(9) години сме најпосеруван сајт за вести и воопшто за било каков веб сајт. Иначе сум поранешен професор на ФИНКИ до 2016, така што имам искуство од академска средина, инжинерска и оваа advertising средина.

Која е предноста да се користат банери за разлика од Facebook реклами?

Разликат е тоа на кој веб-сајт ќе се постави, има голема разлика дали ќе се постави на помал сајт или некој реномиран веб-сајт. Пристапот до реномираниот веб-сајт е поскап, и целото искуство се доживува таму кога ќе видите нешто дека е поозбилно. За разлика на ФБ буџетот за рекламирање е од 2евра па нагоре, така што има доста разни реклами. Ако брендот е присутен на некое место кое е есклузивно, целата перцепција на рекламата, односно доживувањето за тоа што се рекламира е побитно. На пример кај нас влез за почетна реклама е сто евра. Со тоа се прави некаква селекција на квалитетноста и озбилноста на рекламите кои се појавуваат на time.mk. 

Кој е просечниот број на кликови на еден банер и како може да го избегнеме најголемиот непријател Ad Blocker?

Ad Blocker генерално работи со отклонување на медиум(слики,видеа) кои се наоѓаат во специвичен директориум во веб-сајтот  кој што има име кој асоцира на реклама. Доколку се постават рекламите во директориум кој има нестандардно име, може да не бидат блокирани и да се прикажуваат. Или формат кој е ембедиран во HTML за да потешко разликува реален контент од реклама.
Најмногу зависи тоа од самата содржина како е направен банерот, колку е поинтересен, котрaверзен, да го привлече корисникот и неговото внимание. Исто поставувањето на тој банер на која позиција е на сајтот, дали е ударна или некоја што поставен на 16та страна од сајтот во долен десен ќош :). Исто на кој сајт е, на пример доколку рекламирате содржина која не е соодветна за сајтот каде се рекламирате, на пример да рекламираш патики на сајт за финансии и банки не е многу соодветно. Да се надоврзам од претходно, на пример на социјалните мрежи доколку сака да таргетирате одредена група, може да не ја најдете таму. На пример таа публика е со поголема куповна моќ која на интернет не оди за забава за социјализација, за такви работи туку да се информира за политика, економија и такви работи. Тогаш веројатноста да ја фатите публиката на сајтови кој пласира содржина која нив ја интересириа. Секако одреден процент ги има и на социјалните медиуми, но многу е мал во однос на другите места каде може да се пронајдат.

Дали можеби имаш нешто да ни кажеш за крај?

На тема за рекламирање, јас проповедам тоа да сајтовите останат што по чисти, да нема реклами кои влегуваат, и намерно го привлекуваат нашето внимание. Туку да бидат хигиенски и покултурно поставени. Мислам дека и влијанието на целата  перцепција кога е такво нешто агресивно, негативно влијае на луѓето. Да се градат што по хигиенски сајтови.