5 минутен раговор со Џуно и Билјана Димовска
Нова недела – ново видео!
Една од најсовремените алатки за успешен маркетинг е SEO. Што поточно значи тоа? Зошто е меѓу најпопуларните алатки на маркетинг експертите? И како SEO влијае врз успешноста на бизнисот?
Нашиот експерт токму за оваа тематика Билјана Димовска, која е менаџер и основач на Bi Digital ги одговара овие прашања и што се подразбира под успешен современ маркетинг! Прочитајте го новиот блог!
Здраво Билјана те молам претстави се.
Здраво на сите јас сум Билјана, работам SEO повеќе од 13 години. Покрај тоа што работам SEO активно на пректи, исто така сум трнер/ментор за SEO и дигитални активности. Си ја сакам работата, работам најчесто за странски пазари, меѓутоа во последно време SEO е се повеќе актуелно тука во Македонија, интересот се повеќе расте, така да очекувам позитивен развој.
Што е SEO и каква е ситуацијата во Македонија кога станува збор за SEO?
SEO оптимијзација на вашиот веб-сајт за интернет пребарувачи од типот на google, yahoo bing итн…., тоа сет на активности кои е потребно да се направат на сајтот и надвор од него за да може вашиот веб-сајтот да се рангира за клучните фрази кој се битни за бизнисот. До пред извесно време SEO беше доста непознат поим овде во Македонија за разлика од тоа, надвор беше многу баран, и се уште е многу баран сервис, еден од најбараните дигитал маркетинг сервиси. Во последниве години се актуализира интензивно, помладите генерации се желни да учат, зошто гледаат таму иднина и развој така да мислам дека ќе биде прилично актуелен и дека бизнисите во Македонија ќе имаат корист од SEO.
Кои се првичните работи кои треба да ги направи една компанија за да отпочне со квалитетна SEO кампања?
SEO-то не можете самостојно да го работите, надвор од другите активности значи тоа е интегрален поврзан дел со вашата целокупна маркетинг стратегија. Потребнио е да има изградено маркетинг стратегија со дефинирани KPI’s , да биде добро позната таргет територијата на која го продавате сервисот или продуктот, да си го познавате мнгоу добро таргет корисникот и како тој се однесува он-лајн. Значи сите тие информации треба да бидат добро усвоени исто така како и сите оние карактеристики на сервисот или продуктот кој го продавате, значи да занеете убаво да го опишете, и нормало да имате спремен веб-сајт со изграден уникатен контент на кој што SEO-то ќе може да се аплицира. Значи тоа е основни пред услови за да почнете било какви SEO активности, без тоа SEO-то не е успешно.
Колку време е потребно за еден Македонски вебсајт да рангира добро на Google за посакуваните keywords?
Во Македонија се уште немаме многу силна конкуренција за најголем дел од keywords фразите, така да сајтовите добро време е да почнат да размислуваат за оптимизација за интернет пребарувачи затоа што и тенденцијата на корисниците е се повеќе да ги користат интернет пребарувачите кога бараат некоја одредена информација. Мислам дека за најголем број од фразите, три месеци е оптимален период да се појавите на повисоки позиции, меѓутоа да имате добро изградена SEO стратегија и план во однос за тоа кои keywords фрази сакате да се рангирате, тоест треба да се рангирате. Со сет на активности, градење на содржина, соработка со другите делови од маркетинг тимот, може тоа да се постигне.
Дали имаш совет да ни дадеш за крај?
Тоа што на сите им го советувам и најчесто го зборувам на часовите. SEO-то е долгорочна активност и таму немате кракорочни инвестиции и краткорочни резултати, таму треба да бидете спремни како бизнис сопственик дека треба да инвестирате на долги стази. Меѓутоа дури и кога инвестицијата во SEO ќе се намали, резултатите продолжуваат, затоа што SEO-то денеска не е само рангирање за одредени keyword фрази тоа претставува практично авторитет, изграден авторитет на конкретниот бренд во конкретната индустрија. Тогаш се појавуваат оние вистински SEO резултати и тие се долгорочни. Затоа подобро воопшто да не инвестирате во SEO ако не можете тоа да си го дозволите да биде долгорочна планирана активност.
Значи сепак мора да имаме буџет, знаење и трпение?
Да, трпение, знаење, буџет секако. Со тоа што буџетот сега што го инвестирате во SEO се исплатува после некое време меѓутоа трае многу подолго, одколку буџетот инвестиран во некои дигитал маркетинг кампањи. Кога ќе снема праи нема и резултати :).