n

Juno

10-те наајкреативни компании за време на Коронавирусот

Дали ви здодеа да читате вести за Корона вирусот? И на нас. Но, моменталните пречки се сѐ уште тука, и време е за мала доза на инспирација. 

Овие 10 компании се соочија со пречки како намалување на побарувачката за нивните услуги, и затворање на локали поради потребата за социјално дистанцирање. Но, преку креативни решенија и иновативен маркетинг, тие ги надминаа пречките и создадоа успешни приказни, докажувајќи дека со креативност, сѐ е можно.

1. Киното Evo Entertainment
Ланецот на кино сали Evo од Тексас го претвори нивниот парк во паркинг-театар. Настанот го отворија со филмот Спајдермен – Homecomming. Сите филмови од тогаш се комплетно распродадени.

2. New Balance
Во моменти на несигурност, порака која ја испраќаме е поважна од се друго. New Balance му пристапија на предизвикот поставен од пандемијата, објавувајќи ја пораката од 6 зборови која јасно му покажа на светот дека тие не се само компанија која произведува патики.

New Balance

3. Uber
Како еден од бизниси кои го водат трендот за нов начин на превоз на патници, Uber се соочи се голем проблем кога веќе нивната примарна услуга не беше веќе толку потребна. Затоа, тие го пренасочија својот фкус на новите потреби на корисниците. Сега преку Uber можете да нарачате достава за вашите онлајн нарачки, како и да доставите нешто од вашиот дом до дом на некој ваш пријател или член на семејството.

4. Amigos Mexican Cantina
Мексичкиот ресторан Амигос лоциран во нашето Скопје се соочи со сличен проблем како и сите други ресторани во светот. Поради пандемијата нивната вкусна храна привремено беше достапна само преку достава. Затоа, тие решија да им овозможат на купувачите уште поголемо уживање во храната од дома, споделувајќи рецепти на некои од нивните највкусни јадења како дел од кампањата #ГотвиДома.

5. Joe Wicks
Кога Обединетото Кралство ги затвори сите училишта, фитнес инструкторот Joe Wicks започна да прави 30-минутен live-stream секој ден со цел да ги размрда најмладите. P.E. with Joe стана хит на Youtube, привлекувајќи 35 милиони гледачи.

P.E. with Joe

6. Magnetik
Пренасочувањето на продажбата преку онлајн канали е една работа, но модната групација Magnetik реши да го преточи уникатното искуство на купување во продавница и онлајн. Преку нивната услуга На Viber со Магнетик! им овозможија на потрошувачите да се консултираат со личен шопинг асистент за модните одлуки.

7. Mobile Escape
Канадскиот бизнис Mobile Escape, направи нова игра наречена “Escape Mail”. Претплатниците добиваат игра во стилот на Escape Room доставена по пошта до нивниот дом. Поттикнати од неверојатната побарувачката, бизнисот го претворија во subscrption сервис.

Mobile Escape launch Escape Mail

8. Тhe Snap Bar

Компанијата Snap Bar доживеа голем успех нудејќи производи за организирање на забави, но се соочи со проблем кога сите забави беа откажани. Тие решија дека забавата сепак не треба да престане, пренасочувајќи ги услугите кон продажба на кутии со подароци, наполнети со производи од локални бизниси кои исто така се соочија со потешкотии овој период. Понудата беше хит и ја проширија во повеќе градови во САД. Не долго подоцна пуштија линија на виртуелни решенија за забавите “на растојание” кои многу луѓе и компании решија да ги одржат онлајн. 

9. Lucky Devil
Стрип клубот Lucky Devil лоциран во Портланд, САД, привремено се претвори во сервис за достава на храна, под името Boober Eats. За само 30 долари, две танчерки ќе ја достават вашата храна до вашата врата.

Boober Eats

10. El Che Steakhouse
По затворањето на нивните ресторани, El Che Steakhouse отворија popup продавница за месо, продавајќи ги клучните состојки на нивниот познат стек. Нарачките се примаат онлajн, а подигнувањето се прави во нивните мали привремени тезги.

El Che Steakhouse's butcher shop

Се надеваме дека овие компании и нивните кампањи ве потсетија дека со креативно размислување, се е возможно. Маркетингот е искуство, комуникација, и приказна. А пречките се тука за да не предизвикаат да најдеме поинаков начин на одење напред.

Доколку имате потреба од креативен маркетинг, тимот на Џуно е секогаш подготвен за предизвикот. Ајде заедно да создадеме приказни и искуства за паметење!