5 минутен раговор со Џуно и Христина Младеновска – Кика Авеиро
Оваа недела разговараме на тема инфлуенсери, нашата гостинка е добро позната на оваа сцена. Секогаш шири позитивна енергија и работи на тоа нејзините следбеници да бидат полни со самодоверба. Дознај повеќе во новиот блог на Џуно за инфлуенсерите директно неа.
Денешен гостин ни е Христина Младеновска многу попозната како Кика Авеиро. Те молам претстави се.
Да, Кика Авеиро. Работам дигитални комуникации а во меѓу време креирам содржини за социјалните мрежи, во главно Инстаграм во случајов, каде што се обидувам да влијаам на луѓето да се сакаат себе си, да бидат среќни и да направаат некакава позитивна промена во себе и во општеството околу нив.
Која е дефиницијата според тебе да си инфлуенсер и како е да си инфлуенсер во Македонија?
Има многу различни дефиниции, секој си има некоја дефиницја за тоа што е тоа инфлуенсер. За мене инфлуенсер е човек кој што на некаков начин има дадено некакава вредност на публиката, а за возрат публиката му дава доверба. Е сега е важно тој инфлуенсер на кој начин ќе ја искористи таа доверба, дали ќе ја искористи да направи некакво позитивно влиание, негативно влиание, или ќе ја користи да промовира некакви производи, тоа е зависно од самиот инфлуенсер.
Според тебе која е придобивката на компанијата да работи со инфлуенсер и на кој начин може да се пресмета таа придобивка?
Работата во моментот е дека најголемиот дел од нас, вниманието ни е одземено и ни го задржуваат социјалните медиуми одколку, телевизијата, билборд или друг начин на рекламирање. Многу подобро е да се рекламираш на социјалните медиум како Instagram или Facebook. Фактот е дека инфлунесерите имаат многу голема публика која ги гледа и која им верува и придобивката е голема за вашиот продукт да го види голема база на луѓе а тоа се прави со помош на инфлунесерите. За мерење е малце потешко, затоа што кога ќе дојде некој во продавницата, купувачите не кажуваат каде го виделе производот кој инфлуенсер направил потреба да го има тој производ, исто како и што не кажуваат на која телевизија или билборд го видел производот кога ќе отиде да го купи. Меѓутоа се покажало многу пати дека има голем придонес да се рекламира преку инфлуенсери, затоа што често се случува да се распродаде производот кој инфлуенсерот го рекламира и да биде баран во продавницата.
Како одржуваш твојата публика да биде интерактивна? И како до нова публика?
Мислам дека клучот до било какво градење на публика на социјалните медиуми е да се објавува често, да има континуитет во објавите меѓутоа исто така да има вредност во објавите. За некој да те следи и да биде интерактивен со таа содржина потребно е да има некаква вредност, да добива некаква вредност. Дали тоа ќе биде да види некоја комбинација за облекување и да ја ископира и облече, или ќе биде вредност во типот да промени нешто позитивно, да го насмее. Затоа мислам дека вредноста што ја нуди инфлуенсерот е најважна за одржување на публиката и за создавање нова.
Дали можеби ќе ни го откриеш твоето мото и да ни кажеш нешто за крај?
Ништо поинаку што го постирам цело време на социјалните медиуми дека треба да се сакаме себе си, без разлика колку сме успешни или како изгледаме, никој не е совршен и океј е да се сакаме и да сме среќни она што сме и да се движиме кон подобро.