n

Juno

5 минутен разговор со Џунo и Илија Бојчовиќ

Оваа недела продолжуваме со серијалот 5-мунути разговор со Џуно. Со новата недела откриваме нова област од современиот маркетинг која има неописливо влијание врз корисникот. По тој повод имавме можност да подискутираме со Илија Бојчовиќ, млад и амбициозен UX архитект кој несебично го споделува своето знаење и искуство во Academy of UX. Сите прашања околу UX одговорени на едно место – прочитајте го целото интервју. 

Здраво Илија, те молам претстави се?

Здраво здраво, јас сум Илија и сум UX aрхитект, во превод тоа значи јас мислам за корисниците за они понатака да не треба да мислат. Хе хе…

Што точно е user experience, и која е разликата помеѓу user experience и user interface? 

Ова е фамозно прашање, и се одолговлекува цело време со различни одговори низ историјата од кога постои како абревијација. Така да ќе почнам од крајот за да можеме да ги објасниме концептите.

UI како визуелен дизајн е не толку значителен дел од UX дисциплината, освен оној дел интеракциите каде се воведува друга дисциплина која се вика human computer interaction, каде што се збори помеѓу интеракцијата помеѓу корисниците со машините и интерфејсот. Во 2012-13 година се наметнува како абревијација и хибридизација моментот со UI&UX, каде што визуелните дизајнери, збориме за оние графички дизајнери, дизајнери на interface, од страна на малите и микро претпријатија за да можат да скратат на ресурси за да можат да вработат персона која во повеќето наврати ќе изработува визуели базирајќи се на UX принципи и методологии. Овој генерално хибриден модел како и останатите мислам дека не даде такви резултати како што се очекуваа. Ќе ја спомнам онаа англиска фраза “Jack of all trades, master of none” каде што се става на пиедестал оној хибриден модел кој не функционира кога се работи на решавање на малце поголеми проблеми. UX e генерално user centric, психолошка дисциплина, а UX&UI не мора да биде во сите наврати. Во UX се за потребите на корисниците, се друго е буквално ветер. Моментот дека UX решава проблеми од стилот на како да направиме cool gadgets, како да решиме одреден проблем при купување, како да направиме поголема конверзија, како да го смалиме менталниот effort на корисникот кога се работи за остварување на неговата цел. Мислам дека UX&UI моделот си го одработи своето време, и време е да се премине на некоја специјализација напротив хибридизација за да имаме резултати од генерално светски размери. Сакам да додадам само дека UX е генерално психолошки пристап кој како skill set е многу поблиску до user research за кој ќе треба да направиме уште едно интервју за поопширно да го објасниме, отколку до user interface и визуелниот пристап. Зошто фактот дека е психолошка дисциплина и не можеме да квантифицираме многу емоции, како на пример љубов или мразење, и ова прилично ја прави многу повеќе интересна, и да додадам дека менталниот модел кај луѓето се менува многу често, затоа треба ние многу да се адаптираме на крајните корисници. Така да во глобала мислам дека направив некое разграничување помеѓу овие две абревијации.

На што највеќе се внимава кога го правиш UX-от?

Во глобала најбитното нешто што го имам забележано е дека не треба да го земеме здраво за готово оној момент каде што корисниците кажуваат вербално како се чувствуваат кога вршат одредена егзекуција на нивните пристапи. Треба да ги земеме здраво за готово моментите кога правиме обзервација на истите. Можам да дадам еден пример кога влегуваме во продавница, и кога сакаме да купиме некое парче облека, не сме свесни дека вложуваме толку голем ментален effort, и ако ни се постави прашање дали сме го оствариле тоа што сме сакале да го добиеме кога сме влегле во таа продавница, ќе биде да сме го оствариле. Но притоа од друга страна гледајќи ќе биде дека сме вложиле многу ментален effort за да го оствариме, дали тоа било разговор со продавач, или брање на моделот во различни секции во продавницата. Тука влегува UX каде што прави обзервација, каде треба да го намали оној ментален effort кај корисникот.

Која била една голема глупост која ја имаш слушнато за UX?

Најголема глупост ми беше последниот пат кога видов оглас дека се бара Senior UX Designer Intern, нема никаква смисла 🙂 

Една реченица што сакаш да им препорачаш на нашите гледачи?  

Би  препорачал да се фокусираат на специјализација наспроти хибридизација ако сакаат да работат на решавање на сериозни проблеми и ако сакаат да работат со сериозни големи клиенти, а да не заглават во оној момент на работа во микро претпријатија каде што се бара нели голема хибридност и познавање во различни сфери.