5 минутен разговор со Џунo и Андреј Вангелски
Oваа недела ве запознаваме со светот на дигиталните платени реклами. Што е потребно за една дигитална реклама да биде успешна, особено кога се пушта на гигант како Google, како се прави и зошто е важна? – Сите овие и многу други прашања ни ги одговара експертот за Google Ads од LeanSEM кој менаџира буџети и од 30 милиони долари – Андреј Вангелски.
Дознајте повеќе во најновото интервју на 5-минутен разговор со Џуно!
Здраво Андреј, те молам претстави се?
Јас сум Андреј Вангелски, работам во LEANSEM веќе четири години, тоа воедно е мое прво искуство со дигиталниот маркетинг, почнав од нула (0). За сето тоа време имав можност да работам со големи клиенти во Америка. Стигнав до ниво на партнер во фирмата со менаџирање над 30 милиони долари за Google реклами.
Кои се клучните работи на кои треба да се внимава кога се прави рекламирање на Google, како да направиме добра кампања?
Многу голем дел како што кажа за добра кампања е во самата припрема и research-от пред да се стартува кампањата. Пред се мора да знаеме кого таргетираме, кој е нашиот идеален корисник, дали е тоа дефинирање на кои клучни зборови ги користат, кој се нивните интереси и слично. А воедно и бидејќи плаќаме за секој клик, и кој се тие корисници кои не сакаме да го видат Ad-от, а можеби ги пребаруваат истите клучни зборови, значи со користење на негативни клучни зборови и негативна листа на корисници. Би рекол за почеток е многу важно да се направи competitive research, да се види на Google нашата реклама со кого би се појавувала, тоа дава една добра стартна точка да знаеме што перформира во индустријата, бидејќи ако се поголеми и добро позицијонирани компании има голема веројатност дека направиле некаков тест што функционира, а што не во аспект на ads и landing pages така да тоа ни е добра стартна точка.
Трето би кажал дека е фокус на creative copywriting, во Google особено многу време на техничкиот дел, а многу помалце на креативноста, воедно ad-от е единственото нешто што го гледа корисникот затоа е и многу важно, и затоа е важно да знаеме како нашата реклама се поставува во однос на конкуренцијата. Друга работа, кога знаеме кого таргетираме и каков ad имаме, е што се случува кога ќе кликне корисникот? Тоа е исто како некој да влегол кај нас во продавница, само што online е многу подинамичено тоа однесување и корисникот може за секунда во втора, трета, четврта продавница. Мора да се осигураме дека тој многу лесно ќе може да го најде, тоа што му треба на сајтот, а од друга страна ние да се осигураме дека го водиме да го направи тоа што ние сакаме, односно евентот.
Тука се подразбира дека треба да имаме поставено tracking на сајтот, за да можеме да го мериме кој клик и колку од кликовите од кампањата биле успешни и колку корисници направиле конверзија или купиле. Така да тоа би го рекол за приремата и како последно би рекол, од кога ќе се стартува кампањата е анализа на податоците. Постојано анализирање на целата дата која што ни ја дава Google, бидејќи како маркетери често трошиме доста време на припрема и research на клучни зборови и структури.
Често има можност нашите хипотези да не се потврдат и да бидеме спремни да ја сменме стратегијата брзо и да ги оптимизираме кампањите за да добиеме подобри резултати. That’s in a nutshell! 🙂
Дали имаш завршна реченица или совет за нашите гледачи?
Доколку сте заинтересирани за дигитален маркетинг би рекол е за некој кој има пасија и доколку некој е зинтересиран да биде добро платен и да гради кариера во маркетинг може слободно да аплицира во LEAN SEM и да работи со мене.