n

Juno

5 минутен разговор со Џунo и Горан Костовски – Индог

Џуно ви го најавува новиот серијал на видеа интервју, каде ќе разговараме со различни експерти од областа на маркетингот. За само 5 минути тие ќе го споделат своето искуство и неколку корисни совети за главните аспекти на маркетингот. 

Овој серијал го започнуваме со фокус на дизајнот во современиот маркетинг. По тој повод нашиот прв гостин е Горан Костовск – Индог, кој раскажува за своето 20 годишно искуство во областа на дизајнот и неговата позиција како арт директор и ментор. Прочитајте што е клучно за еден успешен брендинг и тајните состојки за импресивна дизајн приказна.  

Здраво Горан, може да ни кажеш нешто повеќе за себе?

Hello,  здраво Мила здраво Џуно, здраво audience што ќе го гледа ова.
Јас сум Горан Костовски –  Индог, изминативе 20 години работам како мултиплидисциплинарен дизајнер, арт директор, последниве години консултант, и цел живот активист и така го пренесувам тоа што го работам. Многу сакам да работам брединг обожавам да работам социјален advertising, на тоа сум насочен последниве години. Секој клиент сам за себе е предизвик, учење, созревање, грешки. Многу малце зборуваме за грешките, јас низ моите 20 години можам да кажам дека свесно и несвесно сум правел грешки, и затоа во одредени периоди работам на одредени професии кои ми се допаѓаат.

Што точно според тебе е дизајн?

За дизајнот можеме да зборуваме многу, меѓутоа дизајнот е потреба, дизајнот е нешто што ги движи компаниите. Визуелната писменост е нешто што му недостига на денешното човештво, на дизајнот му престојат многу предизвици, многу ups & downs, многу промени многу помошни работи, со еден збор дизајнот е навистина потребана алатка во нашето опкружување. А секако брендовите се тие што најдобро ни го презентираат тоа. 

Од каде црпиш инспирација, како почнуваш и како доаѓаш крајниот продукт?

Во денешното време, сите сме свесни дека на сите ни се брза. Мојата специјалност и генерално најмногу сакам да работам концептуален дизајн. Сè се сведува, на истражување на пазарот, копање по клиентот и многу прашување, нешто како вид на итервју пред да се влезе во целиот процес. Никогаш директно не седнувам на компјутер, пред сè што и да прамвам прво размислувам, одам во парк, го шетам кучето и размислувам на тоа. Буквално дизајнот и brainstorming се решавање на проблеми. Блазеси им на луѓето кој од прва можат тоа да го работат, меѓутоа изминативе години кај мене се покажаа дека пред се мора истражање на пазар. Кога работиш во тим е прекрасно зошто секој од тимот си ја знае својата работа, ама кога работиш solo тогаш може да ти требаат и 10 дена. Јас најчесто имам предизвик тоа да го работам што е можно побрзо, но искуството низ годините ми кажува дека не треба да се брза кога се работи на одредена работа. Да времето е пари, брендовите немаат време денеска, меѓутоа понекогаш е подобро да се изгуби ден-два за да се стигне до некое добро решение наместо да се избрза. Дизајнот и пред се секој маркетинг продукт е многу важно  да се истражи. Почнувајќи од колор емоција, до пазарот на кој што се обраќам, емоцијата на потрошувачите, не можеме да направиме нешто туку така. Блазеси им на тие што можат да си го дозволат да го прават тоа, да се доволно самоуверени дека прават некои добри работи. Јас можам да кажам дека прилично истражувам кога ќе почнам нешто. 

Која е разликата кога дизајнираш за сам себе и кога работиш за клиент?

Пред се морам да кажам дека работењето за себе е секогаш експеримент, додека кај клиентите не можам тоа да го правам, зошто сепак има guidelines и се знае што е комерцијален дизајн, комерцијален производ. Celebrate Life е буквално еден мој внатрешен крик. Како што напоменав јас сум активист цел мој живот иако тоа не го комуницирам. Celebrate Life се појави во 2010 година како мој внатрешен личен порив за општеството, каде што беше во тој момент. Јас работам визуелен coaching преку Celebrate Life, тоа е нешто што мислам дека допрва ќе се развива, како се останато во сите гранки на современата индустрија. Преку Celebrate Life e комуницирам за одредени општествени позитивни промени, општествени поместувања. Со Celebrate Life буквално имав максимална слобода да се изразам како што јас сакам. Работејќи низ маркетинг агенции и други проекти додека следиме guidelines не ни го дозволува тоа. Но работата на страна е секогаш битна, јас можам да кажам ако не работам на пет проекти истовремено немам каде да ја насочам својата креативна енергија.

Завршна мисла?
Слушајте ги компаниите и работите според тоа што на нив им е потребно, фотнот и бојата денес што ви се свиѓа се супер, меѓутоа треба да си ја најдат сопствената функција и пазарот пред се. И секако останете гладни за нови содржини и учете многу повеќе. 


Секоја среда во 18:30 на нашите социјални медиуми можеш да ја гледаш новата епизода од “5 минутен разговор со Џунo”, следи не и дознај нешто ново од нашите гости.