Image Alt

Juno

Што е SEO и зошто е важно за вашиот бизнис?

Имате веб страна која моментално излегува на 17-то место при пребарување на клучен збор на Google? Или можеби, се соочувате со кошмарот на сите онлајн бизниси: вашата веб страна се појавува на петтата страна на понудените резултати!?

Едноставно кажано, SEO е тоа што може да ви помогне да одите погоре на таа листа. И доколку некогаш сте барале нешто на Google, знаете и самите колку е важен рангот при пребарувањето. Доколку би сакале да дознаете како да бидете пред вашите конкуренти во листата на резултати, овој блог е за вас.

Што е SEO?

Најверојатно околу 50% од посетителите на вашата веб страна се дојдени преку органско пребарување. Менаџирањето на SEO, или Search Engine Optimization (Оптимизација на веб страна за веб пребарувачи) е начин на подобрување на перформансите на вашата веб страна, за да таа, природно се рангира подобро. Во споредба со другите дигитални стратегии, како PPC (pay-per-click рекламирање), SEO не може да ви донесе резултати преку ноќ. Но резултатите на SEO вредат да ги почекаме затоа што рангирањето на Google е една од клучните фактори во зголемување на вашата продажба.

Како до подобар ранг на Google со SEO?

Оптимизација на вашата веб страна опфаќа повеќе аспекти, кои бараат различни степени на техничко познавање. За почеток, oва се најважните работи на кои треба да внимавате за да вашата веб страна има подобар SEO, и воедно, ранг на Google:

1. Наслов и опис

Кога некој ќе пребара клучен збор на Google, тој добива долга листа на резултати. Според Google, првиот резултат е најсоодветен. И еден од начините на кој Google го одредува тоа е според насловот и описот кој се појавува за вашата веб страна на Google. Таканаречените Search title и Meta description треба да ги содржат клучните зборови кои луѓето ги бараат, за да Google им ја понуди вашата страна. Но не се залетувајте да ги наполните овие пасуси со клучни зборови без никаков контекст. Многу е важно вашиот наслов и опис да бидат јасни, читливи и привлечни. Сепак, и вие и Google сакате тие да му се допаднат на тој што ќе ги прочита и секако, да кликне на нив. 

2. Содржина

Google е само алатка која им помага на луѓето да дојдат до тоа што го бараат. Затоа вашата веб страна треба да биде исполнета со клучните зборови кои ќе ги поврзат корисниците со вас. Google ги наградува оние веб страни кои го почитуваат ова правило, давајќи им повисок ранг на листата резултати. Покрај употребување на клучни зборови во главните страници на вашата веб страна, има уште еден начин како да го подобрите вашето SEO во овој поглед. Еден од најдобрите начини да ја збогатите вашата веб страна со клучни зборови е преку информативни содржини, односно блогови. Блоговите се одличен начин и да привлечете повеќе посетители затоа што понекогаш луѓето не бараат конкретен производ или услуга, туку само совет. И доколку вие им помогнете со вашиот информативен блог во тој момент, многу е поверојатно да ве запаметат и да купат нешто од кај вас.


3. Дизајн

Не заборавајте дека Google го проценува вашиот ранг и според тоа колку време посетителите се задржуваат на вашата веб страна. Затоа, како таа изгледа, и колку лесно тие можат да ја навигираат, е нешто на кое исто така треба да обрнете внимание. Особено во 2020, корисниците се навикнати на веб страни со модерен и визуелно пријатен дизајн. Доколку на прв поглед не им се допадне тоа што го гледаат, веројатноста е голема дека тие ќе ја напуштат вашата бев страна веднаш. Но не е важно само како вашата страна изгледа, туку и кои се првите пораки кои посетителот ги добива. Дали е очигледно што нудите, каков е вашиот бренд, и дали на јасен начин го водите до следниот чекор во неговиот престој на вашата веб страна?

Овие прашања се исклучително важни во однос на вашиот ранг, но и во однос на вашата продажба. Сепак, вашата цел не е само да имате посетители на вашата веб страна, туку тие навистина да купат и да се вратат повторно.
Веројатно е дека сега имате уште повеќе прашања, како “Како да откријам кои клучни зборови се најважни за мојата веб страна?” и, “Како да знам за кои теми да пишувам информативни содржини?” и, “Дали има побрз начин да се приближам до врвот на листата со резултати на Google?”

SEO не е едноставна тема, и одговорите на овие прашања се разликуваат од бизнис до бизнис. За да откриете точно на што треба да се фокусирате, и кои конкретни чекори треба да ги преземете за да вашата веб страна се рангира подобро на Google, контактирајте не и добијте експертски совет со нашиот тим тука.