Image Alt

Juno

Дигитални Маркетинг Трендови во 2020

Водењето на успешни дигитални маркетинг кампањи се сведува на две работи: вашата креативност и вашето познавање на можностите кои ги нудат дигиталните платформи. Технологијата се развива многу брзо, и навидум секоја седмица има новитети. За да ви помогнеме да бидете чекор пред конкуренцијата, ја подготвивме оваа листа од најголемите дигитални маркетинг трендови. Пронајдете ги оние најсоодветни за вашиот бренд, и воодушевете ги вашите потрошувачи во 2020. 

1.Видео

Според статистиките, до 2021 повеќе од 80% од активностите на интернет ќе бидат поврзани со видео содржини. Видео содржините овозможуваат да споделиме многу повеќе информации и емоции отколку што можеме со текст или слика.Тие подобро го привлекуваат и подолго го задржуваат вниманието на публиката, затоа што за разлика од другите видови на содржини, видеото допира до две наши сетила: вид и слух. Брзината на информациите и леснотијата со која може да ги добиеме, ги прават видеата најлесниот начин на комуницирање со публиката.

2. Неформален јазик

На социјалните медиуми, корисниците многу повеќе им веруваат на едноставни пораки кажани со разговорен тон. Нема повеќе простор за долги и комплицирани зборови и формално изразување. Бидете кратки, јасни и интересни. Зборувајте со вашата публика исто како што тоа би го направиле со вашите пријатели.

3. Нетолеранција за лоши содржини

Покрај огромното изобилие на објави, видеа, слики, блогови и реклами, на потрошувачите им е смачено од досадни и нерелевантни содржини. Доколку тоа што го споделувате не е квалитетно, е репетивино, и едноставно досадно, тие едноставно нема да бидат заинтересирани за вашите содржини.
Доколку пак споделите нешто што има вистинска вредност, ги информирате или, ги анимирате, очекувајте навистина да ве почитуваат како бренд. Квантитетот на содржините е важен, но особено сега, не треба да стане поважен од квалитетот.

4. Мултиканален Маркетинг

Денес не е доволно да ја фокусирате вашата маркетинг стратегија само на еден канал. Вашите корисници несомнено користат повеќе уреди во текот на денот, и притоа повеќе канали. Тие го проверуваат својот е-мејл, одат на Facebook и го посетуваат Instagram неколку пати во денот. Секој продажен агент ќе ви каже дека според статистиките, потребни се минимум 7 обиди за да убедиме некој да купи нешто. Може да се каже дека истото правило важи и во случајот на дигиталниот маркетинг. Затоа, кога ќе ја планирате вашата дигитална маркетинг стратегија, не заборавајте да интегрирате повеќе канали со кои истовремено, од различни страни, ќе допрете до вашата публика. Само на овој начин може да се осигурате дека вашиот бренд нема да биде заборавен и виcтински ќе ја зголемите продажбата. 

5. Персонализирани пораки

При креирање на вашата дигитална маркетинг стратегија, треба да размислете за тоа во која фаза на подготвеноста на потрошувачот му се обраќате. Потошувачите едноставно не реагираат на пораки кои не се направени специфично за нив. Денес, ја имате предноста на многубројни алатки за таргетирање и автоматизирање, и дефинитивно треба да ги земете во предвид можностите кои ви ги нудат. На пример, доколку имате e-продавница, со едноставна алатка за автоматските е-меил пораки може да допрете до потрошувачот кој штотуко ја напушти продавницата со артикли оставени во кошничката. Со ова го враќате во продавницата за да ја заврши нарачката. Кога таргетирате нови потенцијални корисници на социјалните мрежи, направете различни пораки за публиките кои ги таргетирате, направете ги релевантни токму за нив и гледајте како вашата продажба расте.

6. Интерактивни содржини

Интерактивните содржини опфаќаа сѐ од видеа кои прашуваат за мислење, до објави каде корисниците можат да гласаат помеѓу неколку понудени опции. Без разлика на форматот, интерактивните содржини привлекуваат многу внимание и ја активираат публиката да биде дел од искуството.
Особено од аспект на брендирање, оваа форма на маркетинг е многу важна затоа што кога луѓето учествуваат во некоја активност поврзана со вашиот бренд, се чувствуваат како да се дел од него. Како резултат, поверојатно е да ве запаметат, да споделат и да купат од вашите продукти.

7. Пребарување со глас

Ова е тренд наскоро ќе го обземе светот. И порај тоа што ќе му треба малку повеќе време да дојде и на нашите простори, не е на одмет да бидете запознаени со промените кои ќе се случат како резултат на ова глобално движење. Најважното што треба да го знаете е промената во тоа како луѓето пребаруваат со глас. Кога пребаруваме со глас, ние поставуваме целосни директни прашања. Затоа вашите содржини, особено на вашата веб страна и во вашите блогови конструирајте ги на начин каде поставувате прашање и давате одговор на истото. Притоа, не е лошо да почнете да работите на вашето SEO затоа што во пребарувањето со глас само првите резултати ќе бидат вистински видени (или слушнати) од страна на потрошувачот.

8. Facebook автоматски пораки

Автоматизираните пораки на Facebook се нешто што компанијата неодамна им го овозможи на корисниците. Покрај можноста за испраќање на спонзорирани пораки во chat, можеме и да ги автоматизираме и одговорите на прашањата кои ни ги поставаат.

Преку спонзорираните пораки можете да допрете до сите што некогаш и имаат напишано порака на вашта FB страна. Тие се доста ефтини во споредба со другите форми на дигитален маркетинг, и допираат до публика која веќе изразила интерес за вашите продукти и услуги. Ви препорачуваме да ги искористите FB спонзорираните пораки за споделување на промотивни акции и други објави кои би ја заинтересирале вашата публика.

Од друга страна, автоматизираните одговори на FB се одличен начин да му покажете на потрошувачот дека секогаш сте тука за него. Дури и ако автоматизираната порака единствено му кажува дека некој од вашиот тим ќе му одговори во најбрз можен рок, тој сепак ќе се чувствува дека вие сте во слушнале. Можете истото да го направите и за коментари на вашите објави, претставувајќи го вашиот бренд како одговорен и респонзивен. 

9. Story на Instagram

Како луѓе, ние обожаваме приказни. Функцијата на Instagram Story е токму тоа: споделување на визуелни приказни. Корисниците на Instagram преку гледање на Stories се чувствуваат како да се дел од секојдневните приказни на нивните пријатели, но и на нивните омилени брендови. Story содржините имаат многу интерактивни опции, повикуваат на поголем ангажман и го задржуваат вниманието на корисниците.
Преку Instagram Story можете да промовирате ваша објава на Instagram, или доколку имате над 10 000 следачи, со Swipe Up опцијата да ги пренасочите директно до вашата веб страна. Можете да споделите live видеo, но и да ја анимирате публиката преку споделување содржини кои не се директни промоции. Всушност, публиката на Instagram Stories го преферира овој вид на содржини. Искористете ја оваа можност да ги промовирате вредностите на вашиот бренд и не заборавајте тоа да го правите често (објавувајте нешто на Story барем секој втор ден).

10. LinkedIn

Особено ако вашата целна група се бизнис луѓе и претприемачи, местото каде што мора да бидете е LinkedIn. Оваа социјална мрежа сѐ уште се развива, и е особено добро место за вмрежување и градење на личниот бренд. Сега е одлично време да станете дел од неа и да изградите публика која ве следи (пред LinkedIn да стане новиот Facebook).
Како место за рекламирање, LinkedIn нуди слични опции како Facebook но затоа што ова е нова појава, рекламирањето на LinkedIn е значително поскапо во однос на Facebook. Затоа фокусирајте се на вашиот личен профил и на тој начин градете го вашиот бренд. Во моментов, непишаните правила за комуникација на LinkedIn претпочитаат содржини со фотографии, се споделуваат мотивациски пораки и моменти на личен успех и достигнувања. Нашата препорака е да играте по правилата но на ваш начин за да издвоите од сите други кои го прават истото.

11. WhatsApp и Viber

Комуницирањето преку WhatsApp и Viber пораки со вашите корисници најлесно може да го објасниме како сплотување на рекламирањето преку SMS пораки и е-меил маркетингот. Пораките се кратки (за разлика од е-меил), но можете да додадете слики и линкови (за разлика од SMS). Во зависност од вашата публика, ова може да биде одличен начин да промовирате акции и известувања за пристигнување на нова колекција на потрошувачи кои веќе ви го оставиле нивниот број.
Бројни македонски брендови го користат овој медиум за да еднаш во неделата да испратат порака до својата публика, канејќи ги назад во нивните продавници (онлајн и офлајн). Нашата препорака е да го користите овој медиум но да практикувате умерен фреквенција за да не ризикувате луѓето да створат одбивност према вашиот бренд. 

12. Партнерства со инфлуенсери

Рекламирањето преку инфлуенсери е одлична идеја затоа што нивната публика ги гледа како пријатели, и им верува за совети. Но, тоа што се случи во 2019 е некои од нив да прифатат да работат со премногу брендови одеднаш, и нивните следачи да станат имуни на нивните препораки и спонзорирани објави.

Затоа во 2020 ќе гледаме зголемување на популарноста на микро инфлуенсери, што немаат огромна база на следачи, но се многу блиски со публиката и не соработуваат со многу брендови во исто време. Исто така, ќе видиме промена во тоа како брендовите ги бираат инфлуенсерите. Вредностите на брендот треба да бидат согласни со личните врендости на на инсфлуенсерот. И за крај, оригиналните инфлуенсерите како познати музичари, актери и модели ќе продолжат да бидат во фокус и ќе ги гледаме се почесто во соработки со брендовите за промотивни кампањи.

 

Следењето на трендовите е важно за да останете чекор пред конкуренцијата. Но, тоа не значи дека сите трендови се соодветни за вас и вашиот пазар. Фокусирај те се на тоа каде вашата целна група го поминува своето време. И, не заборавајте, сите овие форми на маркетинг се само нови начини да допрете до потенцијалните потрошувачи. Најважно за успехот, како и секогаш, е квалитетот на вашата кампања: Што им кажувате, и на кој начин. Бидете креативни и храбри, и побарате совет од некој кој има искуство и експертиза.

Тимот на JUNO e секогаш достапен за консултација и соработка. Контактирајте не тука и дозволете ни да ви помогнеме да ги остварите сите храбри цели на вашиот бизнис.