Како да ја зголемите продажбата преку дигиталeн маркетинг за време на Covid-19 ?
За време на економски застој, секој бизнис се надева дека ќе ја одржи продажбата на ниво за да опстои. Помислата дека продажбата може да ја зголеми повеќе од порано звучи како нереален сон.
Но и покрај тоа што е тешко да поверуваме, секоја криза има свој потенцијал. Доколку знаете како да го реализирате, можете да станете лидер во вашата индустрија.
Во овој блог ќе дознаете:
– Како да го искористите дигиталниот маркетинг токму за оваа цел,
– Психологијата позади секоја успешна продажба, онлајн или офлајн,
– Како да го привлечете вниманието на потрошувачите, и да ги убедите да купат, и
– 6 применливи совети како навистина да ја зголемите продажбата за време на пандемијата.
Ајде да започнеме со фактите. Моменталната економска криза предизвикана од вирусот Covid-19, создаде големи промени во начинот на кој потрошувачите купуваат. Онлајн продажбата е зголемена за 55% на глобално ниво во споредба со минатата година. Времето кое потрошувачите го поминуваат онлајн исто така се зголеми за 37% во пикот на социјалното дистанцирање оваа пролет.

Што значи ова за вашиот бренд?
Вашите потрошувачи го поминуваат своето време онлајн повеќе од досега. Тоа значи дека вашите онлајн активности се поважни од порано. Притоа, сакаат да купуваат онлајн и доколку постои начин, тоа е нешто што треба да им го овозможите.
Трите фактори позади секоја успешна продажба
Позади секоја успешна продажба стојат три фактори. Тие се дефинирани од страна на вашиот потрошувач, и доколку ги разберете, можат да ви помогнат значително да ја пораснете продажбата.
1.Koj?
Според ова истражување, 69% од испитаниците се изјасниле дека според нив, компаниите не прават доволно за да го персонализираат нивното онлајн искуство. Од другата гледна точка, и во искуството на 74% од маркетерите кои учествувале во ова истражување, персонализираните содржини го зголемиле ангажманот на корисниците (лајкови, коментари, кликови).
Очигледно е дека персонализирањето на содржините е клучно, но повеќето компании не го практикуваат. Доколку не знаете како, или се плашите дека вашата комуникација ќе стане премногу ниш, не сте единствени. Ова се двете најголеми причини зошто повеќето компании не користат доволно персонализирани содржини, и воедно зошто не го реализираат својот целосен потенцијал.
За да успешно се поврзете со вашите потрошувачи, мора да го зборувате нивниот јазик. А за да знаете како да го зборувате нивниот јазик, мора да ги запознаете нив, на потсвесно ниво. Само така ќе можете да создавате персонализирани содржини и да изградите вистински лојална публика.
2.Koга?
Откако ќе дознаете која е вашата целна група, размислете за тоа КОГА тие ги размислуваат вашите производи/услуги. Кога ја чувствуваат таа потреба, и кога се најмотивирани да го решат својот проблем (чие решение го нудите токму вие). Можеби е токму пред да заспијат, и нивниот душек е неподносливо неудобен, или пак додека се на работа и размислуваат за тоа колку добро би им дошол шопинг.
Доколку го откриете овој момент, и како да допрете до потрошувачите токму тогаш, вашата продажба загарантирано ќе порасне. Но, тоа не е единствениот начин на кој можете да го искористите ова знаење. Откако ќе дознаете точно во кои ситуации вашите потрошувачи се најрасположени за купување на тоа што го нудите, ќе можете да го симулирате тоа чувство преку маркетинг пораки и во моменти кога тоа чувство не им доаѓа природно.
3.Како?
Откако ќе дознаете точно на кој му продавате, и кога е најдоброто време за да допрете до нив, останува само едно прашање: Како? Ова прашање опфаќа многу потпрашања, како: Преку кои канали да се промовирате? и На кој начин да се промовирате?
Со тоа што веќе знаете која е вашата целна група, знаете и каде го поминуваат нивното време во дигиталниот свет. Доколку се тип на луѓе кои користат Facebook и Viber, вашите пораки треба да ги насочите кон тие два канали на комуникација.
Начинот на кој се промовирате и пораките кои ги користите се последната и најголема загатка на секоја успешна маркетинг стратегија. Пораките се клучни за да остварите продажба. За да успешно ги создадете овие пораки, мора да знаете две работи кои се клучни за секоја продажба (онлајн и офлајн):
Како да го привлечете вниманието на потрошувачите?
Особено во дигиталниот свет, корисниците се константно бомбардирани со визуелни содржини, блескави реклами и секакви пораки. Поради тоа не е лесно да се зграпчи нивното внимание. Всушност, тоа се случува во првите неколку секунди додека тие ја гледаат вашата порака. Тоа што треба да го привлече нивното внимание е визуелниот аспект на вашите содржини, но и главната порака која ја претставувате – со фокус 2-3 збора кои ќе го привлечат нивното внимание инстантно.
Во првите неколку секунди, корисникот не треба да дознае кои се атрибутите на вашиот продукт, или зошто вие сте најдобриот избор. Единственото нешто што тој треба да го дознае е дека вие нудите потенцијално решение за проблем кој тој го има.
Понекогаш, добра стратегија е и презентирање на нешто навидум комплетно неповрзано со вашата главна порака – нешто интересно што ќе ја заинтересира публиката да продолжи да гледа. Овој пристап е добар за продукти кои имаат универзална таргет група (како прехрамбени производи), и најчесто се практикува во видео реклами.
Како да ги убедите потрошувачите да купат?
Откако ќе го зграпчите вниманието, следниот предизвик е да ги убедите дека вашиот производ е тоа што им треба, предизвикувајќи една од следните 3 реакции:
1. Да ја посетат вашата страна и да дознаат повеќе
2. Да започнат да ве следат на социјалните медиуми или веднаш да купат
3. Да ве запаметат како бренд (име) на кој ќе се навратат во иднина / кога ќе го видат вашиот продукт повторно (во продавница/онлајн).
Ова секако не е лесна задача, но може да се потигне единствено со претставување на вашиот производ на начин кој е соодветен за потенцијалниот потрошувач. Затоа треба да употребувате зборови (да се изразувате) како што би се изразил тој – визуелно и вербално, и да го претставите вашиот производ така што “ќе ги одговорите прашањата” кој тој ги има уште пред да праша. Така ќе изградите доверба, и тој ќе се почувствува дека вие сте бренд кој го разбира него и неговите потреби.
Можеби веќе ги знаевте овие работи но важно е и да ги применувате во пракса. Разбирањето на овие психолошки правила кои ги предводат одлуките на вашите потрошувачи е важно за сите активности во дигиталниот маркетинг. И покрај тоа што тој опфаќа многу канали и начини на рекламирање, сепак, има неколку правила кои можете да ги примените без разлика на тоа во која индустрија сте, или што продавате – такви што сигурно ќе ви помогнат да ја зголемите продажбата.
6 универзални тактики за зголемување на продажбата за време на Covid-19
1. Прилагодете ја вашата пoрака
Бидете релевантни во моментот со тоа што ќе ги поврзете вашите пораки со моменталната ситуација. На овој начин ќе можете да се поврзете со нивното моментално размислување. Многу брендови ги поврзаа нивните пораки со ситуацијата на карантин на почетокот на пандемијата, но ова можете да го примените и за други ситуации како празници и сезони во годината.

2.Бидете храбри
За да го привлечете вниманието на потрошувачите во натрупаниет дигитален свет мора да бидете различни од другите. Затоа, бидете храбри и не ја играјте безбедната игра (правејќи го истото што го прават сите други во вашата индустрија). Само така ќе можете навистина да се издвоите од толпата. Не се плашете да ризикувате со нешто неочекувано. Сето тоа ќе се исплати кога некоја од вашите идеи ќе почне да се шири. Само внимавајте да не ја преминете линијата и да споделите нешто вулгарно или навредливо, затоа што тоа ќе привлече внимание кое не го сакате.

3. Привлечете позитивен ПР
Има многу начини да привлечете внимание кон вашиот бренд, особено во дигиталниот свет. Дигиталната комуникација предизвика и зголемување на интересот за тоа што прават команиите и на кој начин го прават тоа. Брендот бездруго е гледан како личност сега повеќе од било кога. Затоа можете да ја искористите оваа можност да поддржите некоја добра кауза, да зборувате транспарентно за вашите напори, или едноставно да направите нешто интересно и убаво за вашите потрошувачи. Вашите активности ќе ги забележат старите потрошувачи, а ќе привлечете и нови.

4. Создадете ургентност
Нешто што чини 500 денари нема иста вредност како нешто што “чинело 1000” а сега чини 500. Некои бизниси, како Zaful, се изградени на оваа тактика. Реалноста е дека попусти и распродажни секогаш ја зголемуваат продажбата, затоа што луѓето не сакаат да пропуштат добра понуда. Но, тоа не значи дека реклами за попуст се единствениот начин да создадете ургентност. Исто така е важно како ги комуницирате понудите (наша препорака – користете messenger маркетинг на Facebook, или известувања по пораки за лојаните клинети), и создадете понуди со времетраење за да ја зголемите ургентноста уште повеќе.

5. Едуцирајте ги вашите потрошувачи
Секој добар продавач ќе ви каже дека тајната на продажбата е тоа да се претставие како експерт за тоа што го продавате. Најдобриот начин да се претставите како експерт во дигиталниот свет е преку едукација на вашите потрошувачи. Колку повеќе тие знаат за вашиот процес на производство, работа, и познавање, толку повеќе ќе ви веруваат како бренд и ќе купуваат со самодоверба дека го прават вистинскиот избор. Многу брендови започнаа да го практикуваат ова преку информативни видеа со нивните вработени, каде публиката може навистина да види што се случува позади сцената, и приказната во која стануваат дел со тоа што купуваат од тој бренд.

6. Соработки
Соработките со други брендови и индивидуи – како познати личности и инфлуенцери не е ништо ново. Доколку до сега не сте го пробале, сега е идеалното време за вас. Преку здружување на силите со други луѓе и брендови, добивате можност да допрете и до нивната публика. Притоа, важно е да внимавате колку публиката која ја има конкретниот човек или бренд соодветствува со вашата целна група. Само доколку има пресек, можете да очекувате вистински резултати.

Зголемување на продажбата за време на Covid-19 не е невозможна мисија. Играта на дигиталниот маркетинг е иста, но правилата се малку променети. Мора да бидете агилни и да се приспособите на нив за да ја зајакнете врската со потрошувачите. Сепак, дигиталните води можат да бидат непредвидливи и да се соочите со технички и креативни предизвици.
Затоа, не ја исклучувајте можноста да вклучите надворешна помош во креирање на вашата дигитална стратегија. Помошта од искусни експерти ќе ви овозможи да се истакнете како бренд, и да постигнете вистински резултати за многу пократко време!