n

Juno

Улогата и важноста на дигиталниот маркетинг во модната индустрија и како до подобри резултати

Замислете ја модната индустрија без дигитален маркетинг. Ни ние не можаме. Користењето на дигитален маркетинг има многу придобивки за модната индустирија, во овој блог ќе споделиме некои од нив. Да се каже дека доколку дигиталниот маркетинг не постоеше, модната индустрија немаше да биде на ова ниво каде што е денеска. Иако целата индустрија сè уште користат билборди за споделување на пораката, сите големи лидери во индустријата  уверуваат дека нивното присуство на дигиталениот маркетинг е огромно и исто така важно за нивнат стратегија. 

Покрај тоа, можеме да се надоврземе на ова дека секој треба да користи дигитален маркетинг без оглед на индустријата во која работи. Сепак, што е најважно, ако користите дигитален маркетинг, треба да ангажирате професионален консултант за дигитален маркетинг или агенција што знае што прават. 

Тука во Џуно, ние создаваме дигитални маркетинг кампањи за секоја индустрија прилагодени за вашите потребите на нашите клиенти.

Дел од работите на кои треба да се фокусирате за да оставите белег во огромната модна индустрија се следниве:

Создадете SEO стратегија за оптимизација на вашиот бизнис

Една од најважните стратегии во индустријата за дигитален маркетинг е да имате добра стратегија за оптимизација за да го зајакнете пирсуството  вашиот бизнис на интернет пребарувачите .SEO е важен во секоја индустрија ако нас не прашате затоа што тоа е бесплатен маркетинг, нешто што го инвестираш и се враќа постојано од кога ќе се направи како што треба. Со пишување на привлечна статија, и внесување на клучните зборови се дел од чекорите како да чекорите кон првата страница на Google со оптимизација и кога ќе пребаруваат корисниците и ги внесат тие клучни зборови ќе им даде резултат од вашата компанија. Сите знаеме колку е важно да се биде на првата страница на Google, бидејќи како што кажува една стара поговорка: Ако сакате да закопате мртов човек, закопајте го на втората страница на Google.  Затоа инвестицијата во SEO се смета за долгорочен стратегија за вашиот бизнис.

Content is King!

Сите ја знаеме изреката дека содржината е кралот на дигиталниот маркетинг. И ние сигурно одиме според овие зборови затоа што создавањето неверојатна стратегија за содржина може да ви донесе неверојатни резултати. Да ги поседувате најдобрите фотографии на инстаграм е цел и приоритет на вашиот бренд, тоа ќе го долови вниманиито на вашите потецијални купувачи. Без тоа ќе оставите слаб впечаток кај нив.

Замислете да имаа лоши фотографии на сите билборди низ Њу Јорк. Дали би ви се јавило чуство да посакате да ја купите таа облека? Сигурни сме дека нема ни да помислите да купите нешто од бренд со лоши фотографии. За да создадете одлична содржина за вашата продавница мислете како купувач, „дали би го купиле баш ова од продавница што изгледа вака“? Секогаш е така и верувајте ни кога ќе си го поставите ова клучни прашања, сигурно ќе работите на содржината што ја споделувате со вашите идни клиенти. 

Постојаност на вашиот бренд

Ако сте во модната индустрија, треба да бидете свесни дека повеќето работи што ги создавате треба да изгледаат впечатливо и да се добро исполирани. Она што се обидуваме да го кажеме тука е дека вашите канали на социјалните медиуми треба да имаат јасна биографија, а објавите да бидат со јасна порака и сè да се синхронизира во рамките на вашиот бренд идентитет. Затоа, кога ги креирате своите објави, погрижете се да ги направите на начин кој доликува на вашиот бренд.

Инфлуенсерите се ваши пријатели

Знаеме дека сите инфлуенсери имаат своја верна публика, публика која ја очекува од нив внимание, информации и сугестии. Токму заради ова инфлуенсерите се ваши пријатели, и остварување колаборација со нив може да има многу позитивен ефект на вашиот бренд и успех. Затоа, проверете дали го следите ова упатство и создадете партнерство со инфлуенсери за да го остварите посакуваното. Не секогаш е потребно да соработувате со најпознатиот инфлуенсер на пазарот, или најскапиот, може да најдете можност за соработка со микроинфлуенсери. Започнете со микроинфлуенсери, односно оние инфлуенсери кои имаат околу 1000-3000 следбеници на Инстаграм. Давајќи им бесплатна облека или правејќи фотосесија за нив на социјалните мрежи со тоа ќе направите и добра содржина за вас и за нив, ќе соберете многу повеќе лајкови, следбеници и идни клиенти само со тоа што инфлуенсерот ќе се соработува со вашиот бренд. Тоа е најлесната маркетинг стратегија што секој може да ја изведе. Само проверете дали нивните следбеници се ангажирани со нив и проверете дали тие следбеници се оние на кои што целите. На пример, ако целите мажи од 20-35 години, осигурете се да пронајдете инфлуенсер што ги има овие луѓе како нивни следбеници, за да бидете сигурни дека ги трошите парите за правилен инфлуенсер.



Што и да правите за вашиот моден бренд, осигурајте се дека често пробувате нови работи, не застанувјате додека не најдете тоа што ви носи најдобри резултати. Да се ​​има јасна стратегија за дигитален маркетинг е најважниот фактор што ќе го воздигне или ќе го наруши вашиот бизнис. Секој моден бренд работи на тоа да има јасна стратегија за дигитален маркетинг што ќе ги мотивира идните клиенти и анимира постоечките, само така ќе се осигурате дека вие постојано ќе имате развој и раст на вашиот бизнис.

Доколку ви е потребна инспирација погледнете ја нашата работа со Magnetik и нивните брендови.